Како да направите средство против комарци? Испробајте го овој рецепт – целосно е природен и ќе уживате во летните ноќи на тераса или во двор!
Уживањето во градината или на тераса во текот на летото единствено можат да го упропастат комарците. Ако сакате да се заштите од овие инсекти, не мора да ги жртвувате преубавите летни вечери, ниту да потрошите многу пари за средства кои содржат хемикалии. Можете да направите свое супер средство против комарци. Комарците се одбиваат од одредени мириси, па поради тоа можете во дворот да засадите маточина, лаванда, босилок, нане. Ако во градината или на терасата ги немате овие билки или сакате да ја зголемите заштитата, направете моќно средство со етерични масла.
Комбинацијата на овие етерчни масло пријатно ќе мириса, но тој мирис ќе ги одбива комарците од вашиот дом. Можете да уживате во топлите летни ноќи со драгите луѓе.
Еве како да го направите ова средство:
Состојки
250 мл вода
пет капки етерично масло од лимон
пет капки етерично масло од еукалуптус
десет капки етерично масло од цитронела
Извор: sensa.story.hr
Фото: Илустрација / Pexels