Приказните за „патлиџан туристи“ ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да понесат храна од дома.
На Твитер и Фејсбук се дели фотографија која предизвика лавина коментари. На фотографијата е порше, вредно околу 200.000 евра, врз кое има намонтирано шатор.
Recession is here… pic.twitter.com/x0ODsvQB7e
— IceBreakr (@icebreakr) July 31, 2022
„Хмммм, како се кажува на германски „Патлиџан тируст со порше?“, „Па, тоа е еден од нашите, гастарбајтери“, „Или се плаши од лавови, или се плаши некој да не му го украде поршето“, „Вака велат: луѓе кои знаат да уживаат. И следната година јас ќе направам вака“, „Доаѓа рецесија“, „Ова се нарекува турист кој сака да ужива во природата, а не да игра оро во Паралија. … се само дел од коментарите.