Научете ги децата дека парите не растат на дрво: Интересни начини за разговор со најмалите околу финансиите – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/22 7:00 PM

Научете ги децата дека парите не растат на дрво: Интересни начини за разговор со најмалите околу финансиите

Децата ги учиме уште од мали нозе како да ги мијат забите или рацете, како да бидат пристојни и како да се однесуваат со другите луѓе.

Меѓутоа, дали сте размислувале за тоа како и кога да се разговара со детето за пари? Финансиската ситуација во домот е една од најчестите теми на дискусија меѓу родителите. Секојдневно се обидуваме да ја составиме финансиската конструкција па децата неретко случаат за кредити, сметки и така натаму. Понекогаш тие може да бидат збунети околу тоа колку парите се всушност важни.

Тешко е да се одреди границата и на детето да му се објасни дека парите никако не можат да бидат поважни од љубовта, среќата и пријателствата, а истовремено од мали нозе да го научите на финансиска одговорност. Истражувањата покажале дека нашите рани искуства со парите и разговорите во врска со нив може да го обликуваат начинот на кој управуваме со нашите средства.

Децата впиваат од однесувањето на родителите, па корисно е од мали нозе да ги вклучите во процесот на менаџирање со парите и преку пример да им објасните што претставува штедењето. Важно е тоа да го направите на интересен начин за да може да се заинтересираат, вели Кајли Мекфарлејн, директорка за корпоративна одговорност во банката Commonwealth.

Експертите сметаат дека најдобро е да се започне со кратки, интересни разговори за парите уште од тригодишна возраст на детето. Во продолжение следуваат предлози за тоа на кој сѐ начин може да поттикнете разговор на оваа тема.

Парите се вистински и може да се пребројат

Во денешно време кога сѐ е дигитализирано, ретко кој користи готовина. Всушност, децата растат во ера на „невидливи пари“, бидејќи сѐ се наоѓа на нашиот мобилен телефон. Плаќаме сметки онлајн, нарачуваме храна онлајн, па така купуваме и облека.

Децата немаат прилика од прва рака да видат дека парите се вистински и дека буквално мора да им ги дадеме на продавачите во продавниците кога бираме некоја нова играчка. На децата може да им биде тешко да сфатат како доаѓаат парите па за почеток би било најдобро да земете одредена количина пари кои ќе му ги покажете на детето и да му објасните дека мра да се откажете од нив за да си дозволите некои основни работи за живот.

Парите не растат на дрво…а ни во банкоматите

Децата немаат претстава за тоа колку труд и време е потребно за да ги заработите парите со кои ќе купите храна, облека и играчки. Ним исто така, не им е јасно дека струјата и водата не доаѓаат бесплатно, а вие одите на работа за да можете да заработите пари и да го организирате секојдневниот живот. Објаснете им дека одите на работа за да добиете плата, а дека работодавачот ви ги праќа парите во банка, која потоа ви дава посебна картичка за да можете да ги користите тие пари.

Нека се обидат да купат нешто сами

Следен пат кога ќе одите во продавница замолете ги сами да одберат некоја ситница која им се допаѓа во моментот. Заедно дознајте колку чини таквиот производ па обидете се да пронајдете поевтина варијанта. Објаснете им зошто е подобро да се купи поевтинит производ и покажете им дека за таа разлика може да добијат уште некоја ситница. На крај, заедно пресметајте колку сте заштедиле.

Научете ги да штедат

Живееме во свет на краткотрајни задоволства па тешко е да ги научиме децата да бидат благодарни и задоволни со мали работи. Користете џепарлак за да го научите детето на вредноста на штедењето. Секој ден нека се откажува од некоја своја мала желба за да може на крај да заштеди одреден износ. По неколку дена со тие пари купете му нешто вредно па покажете му колку е добро чувството да се има цел и да се откажете од некое краткотрајно задоволство за нешто многу подобро.

 

Извор:  zadovoljna.dnevnik.hr