На крајот од денот кој ни бил исполнет со физички и ментални активности и обврски, телото може да биде навистина уморно, а тоа води кон несоница.
Во таква ситуација кога не можете да потонете во сон, а лежите во вашиот кревет, обидете се да примените некои од следните смирувачки ритуали:
Набројте најмалку десет работи за кои сте благодарни во денот кој е зад вас
Осмислете своја лична ‘мантра’ и изговарајте ја на глас или пак, во себе додека не заспиете.
Визуелизирајте се како се заземјувате низ вашите стапала, поврзувајќи се со земјата под вас, која ве лекува и релаксира.