Благодарам што ми помогна да сфатам дека заслужувам подобро: Писмо од жена до нејзиниот поранешен токсичен партнер – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/22 8:00 PM

Благодарам што ми помогна да сфатам дека заслужувам подобро: Писмо од жена до нејзиниот поранешен токсичен партнер

Чувството на слобода е непроценливо, особено кога ќе излезете од токсична и деструктивна врска.

Дури и кога сè уште се борите да се справите со вашите емотивни рани, може да ја почувствувате слатката нота на слободата која ќе ве поттикне да продолжите напред. Кога ќе се оддалечите од лагите и манипулациите, време е да го направите она што одамна сте требале да го направите – да се поврзете со своето „внатрешно јас“.

Наместо да се грижите за тоа дали засекогаш ќе бидете сами, уживајте во моментот. Сте се ослободиле од личност кој лошо влијаела на вашата самодоверба, но сега сте слободни, ја научивте лекцијата и продолжувате понатаму.

Иако процесот ќе биде тежок, на вашата претходна врска ќе ѝ бидете благодарни бидејќи поради таквото искуство, ќе сфатите колку заслужувате и вредите.

Кога ќе сфатите дека сте продолжиле понатаму, напишете писмо со благодарност наменето за вашиот поранешен партнер:

Ти благодарам што ми помогна да сфатам дека заслужувам подобро. Ваквото сознание доаѓа по сите кавги, лаги и понижувања. Ова веќе никогаш нема да се повтори. Благодарение на тебе сега можам лажните луѓе да ги разликувам од вистинските. Ми ги отвори очите за она што заслужувам, а тоа е да бидам искрено и луда сакана. Знам и дека никој веќе нема да ме третира како тебе. Благодарам што ми ги отвори очите, сега знам што заслужувам. Сега знам дека постојат лоши личности, но тоа не значи дека не може да се избришат од животот.

И што е најважно, благодарам што ме оддалечи од себе и ми го покажа вистинскиот пат – патот кон моето „вистинско јас“.

 

Извор: sensa.story.hr