Милион долари за куќата – Амбер го распродава имотот за да го исплати Џони Деп – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/22 2:09 PM

Милион долари за куќата – Амбер го распродава имотот за да го исплати Џони Деп

Актерката и поранешна сопруга на Џони Деп ја продаде куќата за нешто повеќе од милион долари.
Зградата што актерката ја продала се наоѓа во градот Јука Вали, кој се карактеризира со пустински пејзаж.
Како што објави порталот tmz.com купопродажниот договор е склучен на 18 јули.

Со оваа трансакција Херд заработила, бидејќи имотот го купила во 2019 година за 570.000 долари, а сега за него добила милион и педесет илјади долари.


Амбер Херд неодамна го загуби судскиот спор во кој Деп ја тужеше за клевета, а сега на актерската ѕвезда треба да и плати сума од 10,4 милиони долари.

Нејзиниот правен застапник пред два месеци потврди дека актерката нема толку пари, а неколку недели подоцна Херд е видена како купува во TJ Maxx, продавница позната по половни цени.

Недолго по пресудата, беше покрената GoFundMe кампања за собирање пари за да и се помогне на Амбер Херд да му го плати на Џони Деп она што му го должи според судската одлука, но акцијата набрзо беше прекината.