Унаказена сум поради силното сонце, сега сегде морам да одам со маска: Девојка скапо ја плати својата наивна грешка – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/22 8:00 PM

Унаказена сум поради силното сонце, сега сегде морам да одам со маска: Девојка скапо ја плати својата наивна грешка

Британката Ели Жан (19) не ни сонувала дека одморот од соништата во Португалија може да ѝ се претвори во пекол.

Експертите предупредуваат дека во текот на сончањето повебно внимание треба да се посвети на усните. Кожата на тој дел од лицето е исклучително чувствителна па ѝ е потребна посебна нега додека сме на плажа.

Британката Ели Жан од Манчестер се уверила во тоа на потежок начин додека била на одмор во Португалија. Имено не ни се сомневала дека летувањето ќе ѝ се претвори во кошмар и дека лузната од одморот ќе ја носи до крајот на животот. Знаејќи колку е опасно сонцето за кожата Ели во текот на престојот на плажа редовно го мачкала своето тело со крема со висок заштитен фактор за да спречи да изгори на сонцето. Меѓутоа усните ги мачкала со вазелин кој инаку го користела за нега на тој дел на лицето и не се посомневала колку тоа ќе ѝ донесе проблеми.

-Користам вазелин наместо сјај за усни и секогаш го имам со себе. Ги намачкав усните на плажата и заспав додека се сончав. Кога се разбудив зватив дека имам „плик“ на долната усна. Прво помислив дека во прашање е херпес, па ставив крема за херпес, но ништо не помогна, а дури и ја влошила ситуацијата – раскажала Ени, а пренесува британски Сан.

Наредното утро, долната усна на Ени целата била со пликови.

-Пликовите почнаа да пукат секогаш кога се обидував да јадам. Не можев да ги движам усните кои крвареа и беа исклучително болни. Се чувствував како да ми горат. Не можев да ги движам усните, да зборувам, да јадам… сѐ испука и сѐ крвареше – се пожалила Ели.

По враќањето дома состојбата не се смирувала, па таа побарала лекарска помош.

– Не смеев да излезам од дома без маска, беше ужасно. Лекарот ми рече дека изгорениците на усните е честа појава кај жените кои имаат филери. Во текот на таквиот третман кожата на усните се растегнува и станува потенка. Филерите во усните последен пат ги ставив во ноември минатата година – признала Ели.

Инаку, таа учи за медицинска сестра, но очигледно сѐ уште не научила колку силното сонце може да биде опасно кога ќе дојде во допир со маст како што е вазелинот.

-Знам дека постојат балзами за усни со заштитен фактор, но мислев дека вазелинот ќе биде доволен. Немав поим дека дека може да се случи нешто такво-раскажува очајната девојка.

Нејзината долна усна со време заздравела, но и понатаму е видлива голема и грозна лузна на местото каде што биле пликовите, која не може да ја сокрие дури ни со кармин.

 

Извор: srecna.republika.rs