Аферата со проституција во Србија не стивнува!
Секојдневно се појавуваат нови докази, а Министерството за внатрешни работи секојдневно следи старлети, пејачки и некои други дами од јавниот живот, за кои основано се сомневаат дека се занимаваат со најстарата професија!
Има една позната пејачка, чие име и презиме е познато на редакцијата на курир.рс, која жарела и палела во деведесетите и е под сериозни мерки од надлежните органи. Како што дознава курир.рс директно од истрагата, таа во последните шест месеци активно работи како макро подведувајќи три девојки непознати за јавноста за клиенти во Белград.
-За неа никој не би ни помислил дека е макро, односно мадам. Мора да се признае дека одамна и таа земала пари за секс, но бидејќи достигнала сериозни години се префрлила на нова работа. Сега за неа работат три градски девојки кои се познати на социјалните мрежи, но фолк девојката, која е самохрана мајка, а парите што ги заработуваат нејзините девојки и се единствениот приход, бидејќи тезги одамна нема – вели соговорникот на курир.рс.
Според него, инспекторите кои работат на случајот за сузбивање на проституција и трговија со луѓе ја следат повеќе од половина година. Тие ги поврзале работите кога ги виделе трите заедно во кафуле, каде се појавила и оваа музичка ѕвезда. Тогаш сè им било јасно. Лоцирале станови во кои девојките даваат сексуални услуги и прашање на време е кога сите ќе паднат. Нивната истрага е отежната поради тоа што имаат специјална апликација која ја користат за комуникација и тешко е да се следи. Фолкерката е внимателна, но на естрадата веќе се шушка дека е макро, а неодамна ги отследила сите три девојки од Инстаграм, за да не биде сомнително – тврди изворот.
Од истрагата се дознало дека проститутките кои работат за пејачката се на возраст од 25 до 35 години. Една девојка е русокоса, а две се црни. Тие даваат сексуални услуги во апартмани , а цената на час е 150 евра, од кои фолкерката зема 60 проценти. Оваа пејачка повремено е присутна во медиумите, а кога еднаш новинарите ја прашале за коментар за аферата со проституција на сцената, таа рекла дека темата воопшто не и е блиска и побарала новинарите да не и поставуваат прашања за проституција воопшто.
Извор: Курир.рс