Не мора да се јаде ама мора да се вози – Луѓето помалку купувале храна, пијалоци и тутун, а повеќе гориво за автомобилите – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/22 2:33 PM

Не мора да се јаде ама мора да се вози – Луѓето помалку купувале храна, пијалоци и тутун, а повеќе гориво за автомобилите

Прометот во трговијата на мало со автомобилски горива, во јуни годинава, во споредба со истиот месец лани, номинално е зголемен за 70.2%, а реално за 6.9%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, пак, прометот е номинално зголемен за 12.2%, но реално е намален за 4.7%,

Во трговија на мало, освен трговија со горива, прометот е номинално зголемен за 7.4%, а реално е намален за 3.8% и во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, прометот е номинално зголемен за 2.8%, а реално намален за 2.7%.