Викендов, 30 и 31 јули екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе сечат, како што велат, две опасни тополи на булевар „Борис Трајковски“ број девет, високи над 35 метри кои се навалени над околните куќи и претставуваат сериозна закана за тамошните жители.
-Бидејќи се работи за тежок и многу опасен зафат (за што се информирани и СВР и ЕВН) освен работниците од Секторот Дрвореди ќе биде ангажирано и едно возило од противпожарната служба, две возила со платформа од претпријатието, два камиони, еден багер и еден голем десеттонски камион, информираат од Јавното претпријатие.