Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на отварањето на Пељешкиот мост се појави со парче кое поради скапоста им пречи и ги изнервира нејзините сонародници иако беше, како и обично, беспрекорно стилизирана.
Политичарката, позната по дамскиот стил, за оваа пригода избра комбинезон со кратки ракави, кој е едноставен во кројот, но поради својата темно виолетова нијанса и очигледниот квалитет, зрачи со елеганција и одлично се вклопува со нејзиниот вообичаен начин на облекување.
Сепак, како Колинда го искомбинира привлече уште поголемо внимание!
View this post on Instagram
Колинда носеше нуди салонки со штикли чиј бренд е непознат, но нивниот дизајн наликува на Hangisi, најпознатиот модел на модната куќа Маноло Бланик.
Сепак, главна тема во хрватските медиуми е изборот на чанта на Колинда, станува збор за додаток на брендот Bottega Venetta, поточно чанта наречена Cassette, за која е наведено дека чини 1.900 евра на сајтот на компанијата.
View this post on Instagram
Скапиот модел е една од најпродаваните чанти со потпис на овој бренд, а во последниве години ја гледаме во различни бои на моделите Рози Хантингтон Вајтли и Хејли Бибер и трендсетерката Оливија Кулпо кои најчесто ја носат зелената верзија.