Нашата свадба беше најубава! Ова речница ја кажуваат сите невести и младоженци откако ќе се случи најважниот ден кога зачекоруваат во заедничкиот живот.
А што ја прави свадбата толку убава, освен гостите да бидат весели?
Секако тоа е местото, каде сите на овој ден треба да ги споделуваат емоциите и љубовта на двајцата, кои ги поканиле заедно со нив да ги споделат моментите на среќа. Тоа е ресторанот, кој прави гостите да се чувствуваат почитувано и возвишено. Тоа е ресторанот, од каде се најголемиот дел од фотографиите за семејниот албум, кој треба да ни ги чува сеќавањата од веселбата.
Тоа е ресторанот од кој децата, па дури и внуците треба да видат како на прашањето на матичарот му рекле- да, како изгледал свадбениот бакнеж, како невестата го згазнала за нога младоженецот, па првиот танци, па какво оро водела невестата, па младоженецот, па и сите најблиски понатаму, сè до моментот кога се сече невестинската торта и се фрла бидермаерот.
Ако зборуваме за убавина на ресторан за свадби тоа секако е „7even weddings&events“, во Штип, кој пред само еден месец широко ги отвори вратите за сите вљубени двојки. Ресторан, кој сака да ги исполни желбите на младоженците, кои сакаат нивната свадба да биде модерна, возвишена и да се памети.
А за да се памети овој ресторан за свадби има многу причини, од местоположба, па до модерен ентериер, мени, услуга…
Ќе се обидеме сликовито да ви доловиме зошто токму тука е место каде треба да се слави љубовта.
Додека трае матичното ги гледате сите убавини на Штип, додека наздравувате и се забавувате градот го гледате како на дланка, додека се одмарате и вечерате, тој повторно ви го разубавува погледот, па и кога си заминувате тој ве испраќа заедно со младенците.
А нема поубаво кога сите ќе си заминат среќни. А веќе утредента евоцирањето на спомените може да почне.
„Беше многу убаво и весело. Ресторанот преубав, модерно наместен, менито превкусно и необично, услугата само да ја посакаш…“.
Но, убавините подобро е кога ќе се доживеат отколку кога ќе се прераскажуваат, бидејќи за нив треба да знаат не само љубопитните, убавите спомени се раскажуваат на деца, на внуци, на роднини и пријатели. Да видат сите од какво убаво место тргнале на патот на заедничката љубов…
Ова е само мал дел од магијата на ресторанот „7even weddings&events“, но најубаво е кога сами ќе си ја направите сопствената љубовна магија…