Политичарките се „поткачија“ за Пељешки мост – Колинда се шета и слика, а Косор љубоморна – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 2:40 PM

Политичарките се „поткачија“ за Пељешки мост – Колинда се шета и слика, а Косор љубоморна

Поранешните претседателка и премиерка на Хрватска се  „поткачија“ за повикот за отворање на Пељешкиот мост.

Додека Колинда Грабар-Китаровиќ била таму и се шетала по него, Јадранка Косор се пожалила дека не била ни поканета.

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ на социјалните мрежи објави видео „Мојата прва прошетка на Пељешки мост. Ја поврзуваме Хрватска“, напиша таа и се гледаа нејзините потпетици, а потоа и сините осветлени столбови на мостот.

Потоа седнала на асвалтот и се фотографирала со мостот во позадина.
Иако доби бројни пофалби, имаше и некој на кој не му се допадна однесувањето на поранешниот шеф на државата.

Поранешната премиерка Јадранка Косор не била на церемонијата на отворањето на Пељешкиот мост бидејќи „поканата ја добила само четири дена претходно“.

Таа за тоа ја обвини актуелната власт, а на Твитер се пожали на се и сешто, удирајќи кон Грабар-Китаровиќ.

„Се јавија, пратија е-пошта пред четири дена. Немам автомобил, превоз и осигурување како бившата која седи по мостови, па не можев ништо да организирам во целата таа гужва. Можев да земам само такси од Загреб до мојата дестинација, без право на првенство на минување. И тоа го знаеја“, објасни Косор.

Косор потоа го избришала твитот бидејќи не сакала да привлекува внимание.

Извор и фото: курир.рс