Џорџ Клуни долго време беше на листата на најпосакувани мажи во Холивуд.
Уште во деновите од младоста неговата делумно седа коса му даваше посебен шарм, а неговите обожавателки и колешки лудуваа по него, иако тој долго време зборуваше дека нема намера да се ожени, па се чинеше дека неговото срце е „тврдина“ која не може да биде освоена. Меѓутоа тоа се промени кога тој ја запозна жената на својот живот, 17 години помладата адвокатка, Амал Аламудин. Парот се сретнал првпат во 2013 година во куќата на актерот на езерото Комо во Италија, а заводникот за брзо време се вљубил.
Првиот состанок го имале во октомви истата година, а веќе во април следната година, Клуни клекна пред убавата адвокатка и ѝ предложи брак. Во септември 2014 тие се венчаа на езерото Комо, по што ги добија близнаците Ела и Александар.
Иако Џорџ не крие дека е пресреќен во љубовта, на него се гледа дека го „стигнале годините“, а нема сомнеж дека татковството во педесеттите, дополнително го уморува. Сè почести се коментарите дека актерот остарел, а разликата од 17 години меѓу него и сопругата е сè поочигледна. Тие двајца овие денови беа снимени за време на нивното романтично излегување и додека Амал изгледа одлично за своите 44 години, очигледно е дека Џорџ Веќе е во седмата деценија од животот. Неговата коса е веќе бела, а исто и брадата. Иако парот порано ретко излегуваше, во последно време сè почесто се објавуваат фотографии од нивните јавни дружби, па така неодамна беа снимени на вечера со семејни пријатели во еден луксузен ресторан.
Извор: stil.kurir.rs
Фото: newsrnd.com