Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска најави нови цени на горивата. Дизелот, како што рече, ќе поевтини за два денара.
-Уште еднаш се потврдува дека РКЕ работи по јавно објавена методлогија, а до 2019 година методологијата беше таен документ и не смееше да се објави. Тие што не ставија на билборд, сега јавно да се извинат и да кажат дека лажеле, истакна Бислимовски, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комора.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и ќе изнесува 94,00 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.