Најмалку 21 починале, a 30 завршиле во болница – Жртви на труење со алкохол полн со хемикалии во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/22 3:45 PM

Најмалку 21 починале, a 30 завршиле во болница – Жртви на труење со алкохол полн со хемикалии во Индија

Најмалку 21 лице го изгуби животот, а 30 се хоспитализирани, по труење со алкохол во западна Индија, соопштија денеска официјални лица, пренсе Бета.

Инцидентот се случи во областите Ахмедабад и Ботад во индиската држава Гуџарат, каде забрането е производство, продажба и конзумирање алкохолни пијалаци.

Засега не е познато каква хемикалија имало во пијалокот.

Според индиски медиуми, приведени се неколку осомничени лица, кои продавале такви алкохолни пијалаци.

Смртните случаи од нелегален алкохол се чести во Индија, каде тој е евтин и често помешан со хемикалии како пестициди за да биде помоќен.

Криумчарењето алкохолни пијалаци стана доста профитабилен бизнис во Индија. Криумчарите не плаќаат даноци и евтино им продаваат на сиромашните огромно количество од своето производство.

Во 2020 година, најмалку 120 лица го изгубија животот по труење со алкохол во индиската северна држава Пенџаб.

МИА