МВр информира дека вчера вечерта пронашле кокаин во скопско возило, а возачот обидувајќи се да побегне удрил во полициското возило.
-На 24.07.2022 околу 22.15 часот на ул.„Џон Кенеди“ од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција лишен е од слобода М.М.(30) од скопско. Откако полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, М.М., управувајќи го возилото, се дал во бегство, при што удрил и оштетил службено полициско возило. Откако бил запрен, при извршен преглед во возилото „ауди“ било пронајдено пакување со кокаин, дигитална вага за мерење и предмети со остатоци од кокаин. Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.