Пожарот кај селото Ѓавато е ставен под контрола, но активен е пожарот кај местото Погана и се движи од селото Ѓавато спрема селото Грчиште информираат од ЦУК
Кај с.Ѓавато е запрен на 100 до 200 м од селото.
Градоначалникот на Општина Богданци, Блажо Шапов за ММС, изјави дека имало активност во раните утрински часови, повторно бил разгорен огнот кон селото.
„Но тоа беше спречено и во моментов немаме активно жариште. Имаме луѓе распоредено по целата должина на огнената стихија. Од утрово во функција беше ставен и хеликоптерот на АРМ. Сега за сега ситуацијата е стабилна и да се надеваме дека ќе остане така. Битно е да се издри периодот кога температурите се највисоки,“ изјави за ММС Шапов
Од ЦУК информираат дека на терен за гаснење на пожарот моментално се екипи на ДЗС од Валандово -тим за брз одговор со 13 вработени, комуналец од Богданци со 10 луге, ДППД Дојран со една цистерна ,ТППЕ Струмица со една теренско возило со пумпа и 5 пожарникари.
Хеликоптер на АРСМ пристигнал во 06.00 часот и веќе два пати има дејствувано.