Голем број од луѓето кои се одлучуваат за развод не се всушност подготвени за тој чекор бидејќи мислат дека со партнерот го имале „она нешто“. Тој факт, проследен со неизвесноста која ги очекува во иднината, донесува немир и многу дилеми.
Неминовно е дека бракот, како најјака врска на двајца луѓе, создава специфична неповторлива атмосфера обликувајќи заеднички поминато време. После неколку години брак многу луѓе можат да кажат дека бракот во извесна смисла ги променил. Промените се длабоки и влијаат на развојот на личноста. Со самото тоа прекинувањето на бракот претставува емотивна бура кај речиси секоја личност:
Како ќе изгледа животот после разводот
Животот после разводот треба да се осмисли и да се воспостави рамнотежа во сите области. Секојдневието ќе биде сосема поинакво бидејќи личноста повторно ја открива својата слобода. Секако дека се појавува и вишок на слободно време, кое сега треба да се осмисли така што мислите треба да бидат конструктивно ориентитрани, а кризните ситуации предупредувачки – советува Зорица Зариќ, психолошки советник.
Пожелно е после разводот да се осмислат некои нови активности кои го подобруваат расположението, а за кои порано немало ни време ни средства. Некои лица се одлучуваат да земат домашно милениче, други пак радоста ја пронаоѓаат во физички активности, сликање или учење на нови работи.
Дали децата добро ќе го поднесат разводот
Едно од погорките прашања кога се размислува за развод на бракот е како децата (ако ги има) ќе го поднесат разводот. Малолетните деца се чувствителни во сите развојни периоди и потребни им се родители кои ќе бидат заедно. Но доколку во домот владее исклучително лоша атмосфера поради несогласување на родителите, неминовно е дека децата тоа ќе го чувствуваат.
Лошите случки помеѓу родителите во домот можат дури да остават и трауми кај децата, посебно ако се во чувствителен период на пубертетот.
Децата во првите години од животот се идентификуваат повеќе со мајката, така што секоја кавга, грубост или непочитување кон мајката длабоко го доживуваат. Тие со денови можат да бидат тажни, несигурни, да имаат проблем со спиењето или дури регресија во разводот, а соопштувањето на детето дека родителите одлучиле да се разведат е многу деликатен момент.
Таа вест на детето треба двајцата родители мирно да му ја пренесат, на начин на кој детето најмалку ќе се оптерети, што сепак е индивидуално. Во зависност од возраста се менува и начинот на соопштување. По правило, помалите деца полесно го прифаќаат разводот на родителите како неминовна работа. Децата во пубертет потенцијално имаат поголем шок во текот и после разводот на родителите. Колку и да е тежок разводот за децата, тие полесно ќе го прифатат ако и понатаму имаат добар однос со двајцата родители.
Ако бракот станал неподнослив, секогаш е подобро агонијата да се прекине, што е можно помирно, отколку кавгите да се повторуваат. Долгото траење на караници помеѓупартнерите станува нездраво за сите членови на семејството.
Од што ќе живеам?
Разводот донесува промени на сите нивоа, па и на финансискиот момент. Со разводот престанува постоењето на заеднички пари. Пред разводот дефинитвно треба да се разгледаат постојаните и потенцијални извори на финансии, но и потенцијални трошоци.
Дали ќе се појави нова љубов?
Некои луѓе остануваат во лош браков поради страв од осаменост, за која веруваат дека ги чека псоле разводот. Ова прашање понекогаш има најголема поврзаност со самодовербата, која може да биде разнишана . Во повеќето случаи оваа дилема нема многу основи и може да се реши на најдобар начин со психолошки советник. Неопходно е најпрво да се открие што се крие зад несигурноста и доживува осаменост.
Извор: zena.blic.rs