Сите ние имаме непријатни прашања за нашето здравје на кои би сакале експертите да одговорат.
Ако некогаш сте се запрашале зошто вашите гениталии се потемни од останатиот дел од вашата кожа, д-р Стефани Ои го има одговорот.
Вулвата, пенисот и анусот можат да бидат со различни нијанси, а докторот посочува дека е сосема нормално гениталиите да бидат „малку потемни во боја во споредба со кожата на другите делови од телото“.
Таа изјави за The Sun:
– Сето тоа се сведува на хиперпигментација предизвикана од производството на хормони, како тестостерон и естроген, а може да започне за време на пубертетот или бременоста или да се развие како што старееме. Тие имаат ефект врз меланоцитите во клетките на кожата, а овој процес формира меланин, супстанцијата во телото која произведува пигментација на косата, кожата и очите.
Со возраста се случуваат многу промени на кожата, па еден ден може да погледнете надолу и да сфатите дека вашите интимни делови се затемниле.
– Некои луѓе можеби се поподложни на овој процес, како на пример луѓето со светол тен, чие затемнување на кожата ќе биде поочигледно од оние кои се природно потемни. Други фактори, исто така, може да го поттикнат процесот на производство на меланин, како што е триењето предизвикано од воспаление. Ова може да биде преку породување, носење тесна долна облека, отстранување на влакна или преку интимни односи. Потемнувањето на гениталиите е прилично честа појава со текот на годините бидејќи нашите тела со текот на годините доживеале повеќе од овие воспалителни настани – вели докторката.
Сепак, постојат неколку начини да го спречите потемнувањето на кожата доколку тоа ви пречи.
– Ако сакате да ги минимизирате шансите вашите гениталии да станат потемни со текот на годините, можеби ќе сакате да размислите да носите широка долна облека, како и да избегнете отстранување на срамните влакна.
Иако потемнувањето е „сосема нормално и природно, доколку се случило ненадејно, лекарот ве советува сепак да побарате стручно мислење.