Уметниците вака покажуваат како се сака и слави вековна Македонија, вели Симон Трпчески, по настапот во Јужна Кореа – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 1:51 PM

Уметниците вака покажуваат како се сака и слави вековна Македонија, вели Симон Трпчески, по настапот во Јужна Кореа

-Одличен прием од корејската публика за претставувањето на „Македонисимо“ на еден од најважните музички фестивали во Јужна Кореја, овој пат во Пјонгчанг и Чунчеон. Ентузијастичка реакција за срдечната, трогателна и емотивна музика од длабоките корени на безвременска Македонија!

Ова го напиша нашиот културен амбасадор Симон Трпчевски, кој по завршување на пандемиските години е со преполна агенда низ светот, каде го промовира својот албум „Македонисимо“.
-Јас никого не треба да го прашувам за тоа кој сум, што сум и од каде сум! Јас тоа го знам и не се плашам да го кажам преку длабоките чувства на музиката која нашите предци ни ја оставиле! Уметниците вака покажуваат како се сака и слави вековна Македонија! Нека „Македонисимо“ биде пример и инспирација на моите сонародници за поголемо освестување во летните жештини и разум во самопочитта и својата гордост за она што се! Нешто сосем природно! Јужна Кореја вака ја слави Македонија, напиша Трпчески и додаде:
„Следната недела – Отава! А пред Отава – Чикаго“.