Како да му го вратам детството на мојот син, сака да биде војник и користи пушка, вели Олена Зеленска – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 12:45 PM

Како да му го вратам детството на мојот син, сака да биде војник и користи пушка, вели Олена Зеленска

Првата дама на Украина Олена Зеленска вели дека војната во Украина го охрабрила нејзиниот 9-годишен син да биде војник кога ќе порасне.

Зеленска во интервју за НБЦ изјави дека нејзиниот син сега размислува само за боречки вештини и како да користи пушка.

„Се надевам дека мојот син ќе го врати детството. Пред војната одеше на фолклор, свиреше клавир, научи англиски… По инвазијата очигледно сака да биде војник, не можам да го одвратам од тоа со уметност и хуманитарни науки“, рече сопругата на Володимир Зеленски.

Зеленска ги посети САД, каде апелираше да се испрати повеќе оружје во Украина.

Првата дама и претседателот имаат две деца – деветгодишен син и 18-годишна ќерка. За време на посетата Зеленска зборуваше и за неволјите на другите деца и родители во Украина. За време на нејзиниот 15-минутен говор во американскиот Конгрес, таа покажа фотографии и видеа од убиени и ранети украински деца.
„Сакаме секој татко и секоја мајка да може да му каже на своето дете: „Оди мирно да спиеш. Нема да има повеќе воздушни и ракетни напади“. Дали е ова премногу за да се посакува? За жал, војната не е завршена и теророт продолжува“, рече таа.

За време на посетата на САД, Зеленска се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, како и со државниот секретар Ентони Блинкен.

Извое: Индекс,хр