Вања или Андреа: Најубави унисекс имиња за девојиња и момчиња – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/22 4:00 PM

Вања или Андреа: Најубави унисекс имиња за девојиња и момчиња

Универзалните имиња се посебни и многу впечатливи и се многу модерни, па причитајте кои се најубавите имиња кои одлично им одговараат и на девојињата и на момчињата.

Изборот на името на детето е една од најслатките маки со која мора да се соолат сите родители. Изборот денес е многу разновиден, а во последно време се популарни се унисекс имињата кои еднакво им прилегаат и на момчињата и на девочињата.

Денес кога сè погласно се зборува за рамноправност на половите, унисекс имињата секако се добар избор бидејќи се малку необични. Освен тоа, многу млади родители сакаат на своите деца да им дадат неутрални имиња  за да избегнат родови стеротипи. Исто така, добар избор се и за оние не сакаат да го знаат полот на детото до раѓањето.

Вања – ова име е од руско потекло, а еднакво добро прилега и на девојчиња и на момчиња. Настанало од името Иван и значи „Бог е милостив“.

Рене – Рене е машко, но и женско име од француско потекло. Изворно настанало од латинскиот збор Renatus, што значи „повторно роден, препороден“.

Никица – ова универзално име е од грчко потекло, а доаѓа од името Николаос, кое во себе сврзува два збора „nike“ (победа) и „ laos“ (народ).

Саша – уште едно машко име кои на Балканот е доста често, а е изведено од имињата Александар и Александра, и е од руско и грчко потекло,а значи „човек, јунак“.

Матија- ова е претежно машко име, но еднакво добро прилега и на лица од женскиот пол. Настанало спрема грчкиот Matthias, а изворно е од хебрејско потекло и во преносно значење ова име значи „дар од Бога“.

Андреа – универзално има од грчко потекло кое еднакводобро им прилега и на момчиња и девојчиња. Доаѓа од зборот „andreas“, што во превод значи „храбар“. Друг облик на ова име е Андрија.

Лени – се претпоставува дека ова име е всушност скратен облик од името Елена, кое води потекло од грчкото име Helena. Тоа доаѓа од зборот „ hele“,а значи сјајна и блескава.