Трифун Костовски: Идниот месец ќе ја објавам вистината за „Еуростандард“ банка – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 10:58 AM

Трифун Костовски: Идниот месец ќе ја објавам вистината за „Еуростандард“ банка

Случувањата околу „Еуростандард банка“ на сите ни се познати, но не и вистината.

Тојму поради тоа, како што вели сопственикот Трифун Костовски, идниот месец ќе објави што навистина с случило.

-Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 август во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.  Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.  Следете ме во борбата против организираниот криминал!  Да ја откриеме вистината што пробаа да ја скријат, вели Костовски.