Главната функција на потењето е ладење на твојот организам кој се загрева со физичката активност, а тоа има бројни благодети.
Само што поминавте два часа во теретана и ја натопивте маицата со пот. Телото ви е мокро и сигурно мислите дека сте изгубиле барем еден килограм, бидејќи судејќи по тоа колку е маицата мокра, сте се испотиле барем еден литар. Врежано е мислењето дека килограмите побрзо се топат доколку се испотите додека вежбате, а тоа дефинитивно нема смисла бидејќи ако повеќе се потите, значи дека имате и поголем интензитет на активности, што значи дека трошите повеќе калории.
Потењето и слабеењето
Моаме да ве разочараме, но ако повеќе се потите додека вежбате, не значи дека сте потрошиле повеќе калории од оние кои не се потат толку. Потењето е природна реакција на загревањето на телото и не е директен индикатор на потрошената енергија. Ако мислите дека кардио е најдобрата вежба затоа што повеќе се потите, тогаш се лажете.
Испотена и задоволна
Можеби не е најдобар показател за согорување на калории, но дефинитивно се чувствуваме подобро одкако ќе го завршиме тренингот и ги исфрлиме од себе сите нечистотии преку потта. Со потењето ги исфрламе токсините од телото и затоа не чудете се затоа што покрај вежбањето, потењето е многу важен фактор за здрав живот. Тужирањето после тренинг е наописливо чувство, па можеме да заклучиме дека потењето ни помага да се чувствуваме подобро и да ги продолжиме тренинзите со ист или со посилен интензитет.
Претерано потење
Иако после испотениот тренинг се чувствуваме подобро, претераното потење не е добро за вашиот организам. Ако претерате со вежбање вашето тело може да се прегрее, да изгуби премногу течности и да доведе до дехидрација и несвестица. За време на интензивното вежбање многу е важно да се прават паузи за телото да ја добие изгубената вода. Политиката на внесот на вода во телото кажува дека колку вода ќе се изгуби преку потење, таа количина треба да се надомести.