(Видео) Со емотивен говор на децата и со солзи погребата Ивана Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 11:23 PM

(Видео) Со емотивен говор на децата и со солзи погребата Ивана Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше фотографиран пред својата кула во Њујорк како заминува на погребот на поранешната сопруга Ивана Трамп, која почина на 14 јули годинава.

Со него на погребот дојде и неговата сегашна сопруга Меланија Трамп и покрај најавите дека нема да се појави.


Поранешниот прв човек на Америка и милијардер Доналд Трамп помина години со Ивана Трамп со која имаше три деца Иванка, Ерик и Доналд Јуниор Трамп кои пристигнаа во црквата Свети Винсент Ферер на Менхетен каде се одржуваше погребната миса, а сите забележаа мрачен и тажен израз на лицето поранешниот претседател.

Иванка и Ерик орджале емотивен говор на богослужбата во црквата Сент Винсент Ферер на Горна источна страна пред 100 ожалостени луѓе.

 

Сите конфликти и несогласувања беа ставени на страна, па денеска на погребот ја видовме и Меланија Трамп, која и оддаде почит на Ивана Трамп, иако медиумите претходно предвидуваа дека сегашната сопруга на Доналд нема да присуствува. Тука беше и Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Џуниор Трамп. Сите овие години Доналд

Трамп ретко зборуваше за својата поранешна сопруга, додека таа повремено го коментираше неговиот претседателски мандат, посочувајќи дека таа е вистинската прва дама на Америка бидејќи била и прва сопруга на познатиот милијардер.

На погребот присуствувала и втортата сопруга на Трамп и ќерката Тифани.