Владата во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката со Република Грција, на денешната 63-та седница донесе одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гасење на пожари, во Грција.
Како што соопштија од владината прес – служба, се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар.
– Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.