Од инфекција до циста – Што сè може да биде причина за болка на десната страна од стомакот – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/22 9:00 PM

Од инфекција до циста – Што сè може да биде причина за болка на десната страна од стомакот

На десната страна се наоѓаат црниот дроб, жолчката, панкреасот, реродуктивните органи и цревата. Тука се и бројните мускули и жлезди кои исто така може да предизвикуваат непријатности. Можни причини за болка на десната страна на абдоменот се повеќе, но добра вест е тоа што таквите болки во 80% од случаите се безопасни и поминуваат сами од себе. Кај ваквите болки луѓето најчесто прво помислуваат на воспаление на слепото црево, но инфекциите или иритациите на органите се чест извор на нелпријатности во тоа подрачје.

Размисли за болките кои ги чувствуваш, бидејќи на тој дел од телото на абдоминална празнина болката може да биде нејасна па и најситниот детал може да помогне во правилното дијагностицирање. Посвети внимание на тоа дали болката е тапа, во облик на напади или постојана, се шири ли некаде или е локализирана.

Човечката анатомија е комплексна и постојат многу причини зошто се јавува болка на десната страна на абдоменот, некои од нив се од посериозна природа,а некои сосема безопасни. Прочитајте кои се најчестите причини за непријатности во стомачната празнина, кои доколку се појават треба да бидат причина да го посетите својот лекар кој ќе ја разјасни можната причина за вашата болка.

Инфекција на бубрег

Бубрежните инфекции ги предизвикува бактерија која се наоѓа во уринарниот тракт. Бактеријата од мочниот меур доаѓа до бубрегот. Тоа не се случува толку лесто, но ако се случи може да биде многу болно и непријатно. Во случај на воспаление на бубрегот болката настапува одеднаш, а е проследена со треска и температура. Болката во тој случај се протега од надворешната страна на грбот кон десната страна на абдоменот. Оваа инфекција најчесто ја предизвикува бактеријата Escherichia Coli.

Камења во бубрезите

Камењата се насобрани кристали кои можат да се најдат во сите делови од урината, а се манифестираат со изразено силна, речиси неиздржлива болка која се јавува во долниот дел на стомакот или грбот. Честопати е проследена со мачнина и повраќање, а може да има и крв во урината. Ваквата состојба е предизвикана од недоволно внесување на течности, пресолена храна, одредени лекови и чести инфекции на мокрачата.камењата се безопасни но се многу болни.

Хернија

Ова е болест кога мускулното ткиво ќе пукне и доаѓа до испаѓање на некој орган од неговата нормална положба. Може да настапи каде било во стомакот, но најчеста е препонската кила која настанува кога цревото се вовлекува во препонскиот канал. Главен симптом е испакнатина во делот на стомакот со болка која може да биде остра, тапа или блага.

Синдром на иритабилно црево

Кај болните ова пореметување на системот за варење покажува многу симтоми и го каректеризираат грчеви и болки во стомакот поврзани со празнењето на цревата и надуеност на стомакот. Болката може да се пренесува и да шета низ стомакот. Болните вообичаено се жалат на болка околу папокот. Како болка наведуваат и движење низ цревата, нивна забрзана работа и гасови.

Овој синдром е почест кај жените отколку кај мажите.

Ендометриоза

Иако често е безболна па со самото тоа подла и тајна, ендометриозата знае да биде проследена со болка во карлицата која е најсилна за време на менструација. Ова е болест која со тек на времето напредува и токму поради тоа симптомите стануваат поизразени кога болеста веќе напреднала. Ендометриозата е хронична болест кај која ткивото на слузницата на матката се наоѓаат на разни места внатре во стомачната празнина на кои не треба да бидат.

Циста на јајникот

Цистите може да предизвикаат симптоми кога растат и ја притискаат околната структура. Тогаш постои можност и за компликации како пукање на цистата.болката во малата карлица за време на менструација и полов однос можат да значат дека имаш циста на јајникот. Наглата, остра болка во пределот на долниот дел од абдоменот може да биде последица на пукање на цистата или уште посериозноа состојба на јајникот.

Торзија на јајникот

До торзија (свртување) на јајникот доаѓа кога јајникот делумно или целосно ќе се заврти околу околното ткиво. Ова е многу сериозна состојба и итна медицинска состојба за која треба веднаш да се реагира и да се отиде на лекар. Кога јајникот ќе се сврти се појавува остра болка во областа на карлицата која ја снемува и повторно се појавува. Од останатите симптоми можат да се појават гадење, повраќање и грчеви.

 

Фото: Илустрација / Pexels