Во четвртокот, нешто по 18 часот, сплитската полиција добила дојава за несекојдневен инцидент во кој се повредени маж и жена.
Kако што пренесува 24сата.хр, две лица се повредени во ресторан на Хвар додека консумирале огнени коктели. Тие се здобиле со изгореници и биле пренесени на лекарска помош во Сплит.
– Повредените се здобиле со изгореници и се пренесени во Сплит за укажување лекарска помош. Мажот е задржан на понатамошно лекување, а според информациите од болницата неговиот живот не е во животна опасност. Жената се здобила со полесни повреди и по преглед била пуштена од болница. На местото на настанот е извршена увид. Во тек е кривична истрага – изјави Јерко Куревија од сплитската полиција.
Жената добила изгореници на двете раце, додека на мажот му изгореле 25 отсто од телото.
Слободна Далмација неофицијално дознава дека Швеѓанката се здобила со изгореници на двете раце, а Канаѓанецот се здобил со 25 проценти оштетување на кожата. По инцидентот со хеликоптер биле префрлени во КБЦ Сплит, каде им биле санирани повредите, а тој е задржан на лекување во Крижине.
Запаливите коктели содржат алкохол, кој се пали непосредно пред консумирање. Високоотпорниот алкохол може да се измеша во пијалокот или да лебди во тенок слој врз пијалокот.
И минатото лето имало несреќа со запаливи коктели на Јадранот, во Макарска, кога била повредена локална девојка. На почетокот на јули 29-годишна жена се здобила со изгореници на отворената тераса од хотелот кога изгубила рамнотежа и паднала на т.н. запалена чинија за правење коктели што била на шанкот. Лекарска помош и била укажана во КБЦ Сплит, каде била задржана на лекување, пишува Слободна Далмација.
Фото: .Слободна далмација