Само во Пехчево нема заразени – Нови 792 заболени од Квид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 1:54 PM

Само во Пехчево нема заразени – Нови 792 заболени од Квид-19

Нови 792 случаи на КОВИД од кои 203 реинфекции и 317 оздравени пациенти се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Починати лица не се пријавени, но согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД од „Мој Термин“ регистрирани се двајца починати во домашни услови во периодот од 14 до18 јули.
Во изминатите 24 часа се направени и1 774 тестови.
Од новите 792 случаја, во Скопје се 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од оздравените, од Скопје се 171 пациент, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Активни случаи има најмногу во Скопје, дури 1767,а само во Пехчево нема заболени.