Не фрлајте ја кората од лубеницата! Малкумина знаат за придобивките од нејзиното конзумирање – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 6:00 PM

Не фрлајте ја кората од лубеницата! Малкумина знаат за придобивките од нејзиното конзумирање

Во овие топли денови единствено нешто што може да не разлади подобро од сладолед е лубеница. Ова овошје сите го сакаат, па при конзумирањето, тешко е да имате самоконтрола. Она што ќе остане од лубеницата се фрла, но всушност, луѓето грешат кога го прават ова. Прочитајте зошто кората од лубеницата е исклучително здрава.

Иако можеби не е здрава како внатрешниот дел, кората од лубеницата ги содржи истите состојки и таа е безбедна за конзумирање. Ако не сте преголем љубител на сочниот црвен дел, слободно изедете го зелениот дел бидеќи со него уште повеќе се разладите и освежите.

Кората од лубеницата содржи аминокиселина која се вика цитрулин. Оваа активна состојка е одлична за нашето тело, со оглед на тоа дека овозможува издржливост на нашиот целокупен организам.

Го „чува“ стомакот

Сигурно се сеќавате дека додека сте биле мали родителите ви зборувале дека ќе добиете дијареа доколку го изедете зелениот дел од лубеницата. Ова е мит, а вистината е дека кората од лубеница влијае на нашите црева во позитивна смисла. Таа е одличен извор на влакна и ја подобрува нашата дигестија. Затоа, кога ќе ги земете предвид сите здравствени придобивки кои ни ги овозможува кората од лубеницата, се доаѓа до заклучок дека би требало да престанеме да ја фрламе и сите потенцијали од ова овошје да ги искористиме целосно.

 

Извор: srecna.republika.rs

Фото: Илустрација / Pexels