Македонскиот пасош на 45то место по важност за патување без визи, Јапонија на прво – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/22 1:21 PM

Македонскиот пасош на 45то место по важност за патување без визи, Јапонија на прво

Од 2006 година, компанијата „Хенли и партнери“ ги рангираше пасошите на 199 земји користејќи податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

Индексот за пасоши на Хенли, базиран на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), редовно ги следи пасошите во светот кои се најпогодни за патување од 2006 година.

Традиционално, Јапонија го има најмоќниот пасош и со него можете да влезете во 193 од 227 дестинации кои можете да ги посетите без виза.

На второ место се Сингапур и Јужна Кореја, а по нив е доминацијата на земјите-членки на ЕУ.

Шпанија и Германија го делат третото место и граѓаните на овие земји можат да посетат 190 земји без виза, а потоа следат Финска, Италија и Луксембург на четврто место (189), додека Австрија, Данска, Холандија и Шведска се на петто место (188),  пишува B92.net.

Што се однесува до земјите ов Балкан, Унгарија е на 9-то (183), Словенија на 11-то (181), Романија на 16-тото (174), а Хрватска на 17-тото место.

Во споредба со претходниот извештај, Србија е на 38 место, а граѓаните без виза можат да патуваат во 136 земји.  Северна Македонија е на 45 место (125), Црна Гора е на 46 место (124), а Босна и Херцеговина е на 51 место (118).