Лекот Енхерту (Enhertu) на Британско-шведската фармацевтска компанија Астра Зенека и јапонската медицинска компанија Даичи Санкјо (Daiichi Sankyo) е одобрен во Европската унија како монотерапија за лекување на возрасни пациенти со рак на дојка.
Лекот е одобрен за лекување на пациенти со нересектабилен или метастатски HER2-позитивен карцином на дојка кои примиле еден или повеќе претходни режими базирани на анти-HER2, рече Астра Зенека.
Лекот заеднички го развија и комерцијализираа Астра Зенека и Даичи Санкјо.
Фото: thesocialmedwork.com