Кои се првите симптоми дека во ногата се создава тромб? – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/22 8:49 AM

Кои се првите симптоми дека во ногата се создава тромб?

Тромбозата се смета за една од најопасните состојби за човечкиот живот.

Може да се развие дури и ако немате очигледни проблеми со циркулацијата и крвните садови.

Најчесто се појавува во нозете, а во првата фаза речиси и да не дава никакви симптоми, но кога ќе почне да расте бара итно лекување, за да не настанат опасни последици.

Ова се првите симптоми дека ви се создало згрутчување на ногата, а многу луѓе ги игнорираат!
Мало отекување на нозете;
Болка во потколеницата;
Чувство на оган или тежина во нозете;
Црвенило на кожата.
Во повеќето случаи, пациентите бараат лекарска помош само кога згрутчувањето многу расте и станува потешко за лекување. Како што состојбата се влошува, отокот се зголемува во областа каде што се формирал тромбот, а областа добива синкава боја. Ако се занемари, екстремитетот каде што се наоѓа згрутчувањето може целосно да стане црно.

Згрутчување на крвта во ногата обично се формира во вена во бутот, листот или околу зглобот на глуждот.
Кој е најмногу изложен на ризик?

Луѓе кои поминуваат многу време седејќи, возејќи автомобил или на долги летови со авион;
Лица кои се опоравуваат од операции со лежење во кревет;
Пациенти кои страдаат од проширени вени;
Луѓе со дијагноза на забрзано згрутчување на крвта;
Бремени жени (ризикот се зголемува уште повеќе за време и по породувањето);
Дебели лица;
Постари луѓе кои претежно седат.

Извор: Курир.рс

Извори: Принтскрин Јутјуб