(Видео) Оваа приказна за нас вечно да трае – Мими и Филип направија свадба од соништата – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/22 8:00 PM

(Видео) Оваа приказна за нас вечно да трае – Мими и Филип направија свадба од соништата

Мими Јовановска и Филип Нуне вчера ја крунисаа љубовта, заедно со уште безмалку 300 гости.

Нивната љубов трае со години, скоро една година се свршени, но се чекаше да се олабават корона мерките, за да направат свадба, каква што доликува на двајца вљубеници во музиката.

И така и беше, од првиот танц до крај немаше гости што на таа весела атмосфера сакаа да седат.

Сè почна од станот, кај што живеат двајцата и од каде, заедно со најблиските се упатија кон црквата „Св. Димитрија“, каде се заколнаа пред Бог на вечна љубов.

Матичното беше во ресторанот „Руф топ 360 Рагуза“, каде и беше веселбата.

Најубавиот момент за нив двајца е што решија свадбениот танц да почне со нивна песна, инспирирана од нивната љубов и од убавите моменти кои тие ги доживувале.

„Приказна за нас“ си ја отпеа Мими, а Филип неизбежно засвири со неговиот омилен инструмент. И од тука почна најпрво орото, а потоа „Ориентал бенд“, кој ги забавуваше гостите на воодушевување на сите пееше и екс ЈУ и странски хитови.

Мими и Филип не престануваа да играат и да редат пари на музичарите, тие најдобро знаат што е бакшиш.

Кулминација на веселбата беше кога пред крајот се појави Џамбо Агушев со оркестарот, кој со музиката ги качи младоженците на столче.

Невестата имаше подготвено три фустани, еден од македонски дизајнер, еден од српски и фустан купен во Шведска.

За микрофонот се фатија и многу нивни колеги кои им беа гости.

И денес, ден по свадбата, Мими и Филип сè уште не можат да ги средат впечатоците.

-Пак би правела свадба, би можела три дена да издржам. Среќни сме и што гостите постојано играа и многу беше весело, вели Мими.

Филип, пак покрај плановите каде да ја изненади Мими за меден месец рече:

„Презадоволен и пресреќен сум. Се’ уште ги собираме впечатоци “.