Во Соединетите Американски Држави, во сојузната држава Невада, четири лица загинаа во судир на два мали авиони на аеродромот во Лас Вегас.
Федералната управа за авијација објави дека Пајпер ПА-46 и Цесна 172 се судриле во неделата околу пладне, пишува Вашингтон пост.
Според првичните информации, Пајпер требало да слета кога во еден момент се судрил со Цесна. Во двата авиони имало две лица и сите четворица загинале, соопшти противпожарната служба. Истрагата е во тек и наскоро ќе бидат познати причините за несреќата.
Фото: Принтскрин Јутјуб