(Галерија) „Никој не победил народ“: И денеска протести против францускиот предлог – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/22 6:11 PM

(Галерија) „Никој не победил народ“: И денеска протести против францускиот предлог

Во Скопје и денеска продолжија протестите против францускиот предлог. Група граѓани се собраа пред Собранието во пресрет на седницата на која беа усвоени  заклучоците за францускиот предлог.

Демонстрантите со транспаренти и патриотски песни го искажаа својот револт против францускиот предлог и додека во Собранието се дебатираше за него, тие кон собраниската зграда фрлаа со тоалетна хартија.

Денешниот протест не беше толку масовен како претходните, а шаторите во кои престојуваа дел од демонстрантите, денеска беа префрлени од Жена парк пред самото Собрание.

 

Фото:  Вангел Тануровски