Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи со КОВИД-19 и 321 оздравен пациент. Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16.06.2022 и 30.06.2022г., соопшти Министерството за здравство.
Од 504 новозаболени од Скопје се 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, Кичево – 10, Штип – 6, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 5, Неготино – 4, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 3, Радовиш – 2, Делчево, Берово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од 321 оздравен пациент од Скопје се 166, Битола – 24, Куманово – 16, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 14, Велес и Штип – по 12, Гостивар – 9 , Пробиштип – 6, Прилеп и Неготино – по 5, Радовиш и Крива Паланка – по 4, Кочани, Гевгелија и Валандово – по 3, Струмица – 2, Делчево, Дебар, Богданци, Кратово и Дојран – по 1.