(Видео) Малата Лиза (4) настрада во нападот на Виница, мајката ги снимила последите часови на детето – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/22 9:32 AM

(Видео) Малата Лиза (4) настрада во нападот на Виница, мајката ги снимила последите часови на детето

Министерството за одбрана на Украина на социјалните мрежи објави видео на кое се прикажани „последните минути од животот на Лиза Дмитријева“, која имала Даунов синдром.
Четиригодишно девојче загина, а нејзината мајка е тешко повредена откако ракети погодија град во централна Украина, објавија украинските и странските медиуми.
Украинците ја обвинија Русија дека го нападнала градот Виница, кој се наоѓа на 268 километри југозападно од Киев.


Генералниот директор на издавачката куќа Картел Ирина Асман, каде што работела мајката, потврди дека девојчето е убиено, а мајката ранета.
-Денеска во Виница нашата вработена Ириша Дмитријева и нејзината мала ќерка беа во епицентарот на гранатирањето. Девојчето починало на лице место… Ира е во критична состојба на интензивна нега. Толку тага, толку солзи… немам веќе сила – напишала таа.

Извор: блиц.рс

Фото: Твитер