Ивана Трамп почина на 73-годишна возраст, а беше пронајдена онесвестена во нејзиниот дом во Њујорк, неколку часа пред да замине на термин во фризерскиот салон.
Службениците за итни случаи и истражителите ја пронајдоа на дното од скалите во нејзиниот дом на Менхетен, непосредно пред 13 часот во четврток. Официјалната причина за смртта се уште не е потврдена.
-Ивана ги помина последните денови подготвувајќи се за долгоочекуваното патување во Сент Тропе и планираше да го посети својот редовен фризер на денот кога беше пронајдена мртва, изјави вработена во салонот за Дејли Меил.
Веста за смртта на Ивана прв ја сподели поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп преку објава на неговиот профил на Truth Social во четвртокот попладне.
„Со голема тага ги информирам сите оние кои ја сакаа, а ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, напиша тој.
BREAKING: Ivana Trump, the ex-wife of former Pres. Donald Trump, has died at age 73, the family told @ABC News. https://t.co/H5q0wZVzbz pic.twitter.com/ch9Bgll4OS
— ABC News (@ABC) July 14, 2022
Трамп имаше три деца со својата поранешна сопруга, со која се ожени во 1977 година и се разведе во 1992 година, а својата прва сопруга ја опиша како „убава, неверојатна“ жена.
Детективите веруваат дека Ивана Трамп починала откако паднала по скали, најверојатно поради болест, изјави полициски функционер за Дејли њуз. Се верува дека смртта е ненадејна. Властите истражуваат дали срцев удар можеби имал улога во нејзината смрт, објави весникот.
Ивана Трамп е секако најпозната по бракот со поранешниот американски претседател и милијардер, со кој имаше три деца – синовите Доналд Јуниор и Ерик и ќерката Иванка.
Ивана го запознала Трамп во 1976 година на едно ноќно излегување во Њујорк, а Доналд и понудил да и помогне на нејзиното друштво да добие маса.
„Се обидував да дојдам до масата и стоев толку изгубена кога почувствував дека некој ме тапка по рамо. Видов висок русокос со сини очи. „Јас сум Доналд Трамп, гледам дека бараш маса „Ќе ти помогнам“, рече тогаш Доналд“, се присети Ивана години подоцна.
Очигледно ја шармирал затоа што парот се венчал помалку од една година подоцна. За време на нивната врска, Ивана се етаблира во организацијата Трамп, служејќи како потпретседател за внатрешен дизајн, а подоцна и како претседател на казиното на Трамп Атлантик Сити и хотелот Плаза.
На Божиќ 1989 година, оваа брачна двојка за време на нивниот одмор во Аспен, Колорадо, била фатена како се расправа, а како што подоцна се дознало, причина за расправијата била љубовницата на Доналд Трамп, Марла Мејплс.
Марла Ен Мејплс, родена во 1963 година, е американска актерка, модел и пејачка. Покрај тоа, таа во јавноста беше позната како втора сопруга на Доналд Трамп. По венчавката во 1993 година, парот ја официјализираше својата врска, а од неа излезе прекрасна девојка Тифани.
Тие се разведоа во 1999 година, а се претпоставуваше дека во текот на врската се разделувале неколку пати.
Благодарение на неа, Трамп доби малку поинаков публицитет од оној во кој го препознаваме денес, откако Марли Мејплс изјави дека го имала најдобриот секс во животот со Трамп.
Поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп еднаш се откажа од барањето да биде амбасадор на САД во Прага, иако Трамп и ја понуди функцијата, но таа мислеше дека ќе биде премногу работа за неа, а со откажувањето го налути претседателот на Чешка, Милош Земан.
Ивана Трамп е родена во 1949 година во поранешна Чехословачка како Ивана Зелничкова. Во 1971 година се преселила во Австрија откако се омажила за австриски инструктор по скијање, од кој се развела една година подоцна кога добила австриско државјанство. После тоа, таа се преселила прво во Канада, каде што работела како модел, потоа во Калифорнија, а потоа во Њујорк.
Ивана го иницираше разводот со Трамп, а многумина се сеќаваат на нејзината реченица „Не се лути, земај му се!“. Доналд и плати 25 милиони долари.