Витларов избран за в.д. јавен обвинител на штипското ВЈО, не беа избрани новите колеги на Рускоска – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 3:09 PM

Витларов избран за в.д. јавен обвинител на штипското ВЈО, не беа избрани новите колеги на Рускоска

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, изборот на јавни обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, е одложен за некоја следна седница. Шефицата на ова обвинителство неодамна изјави дека недостасуваат шест обвинители за да се комплетира. Советот требаше денеска да одлучува за пополнување на четири места, за кои имаше само шест пријави.

– Ме загрижува таа незаинтересираност на колегите обвинители да работат во ова обвинителство и покрај тоа што сторив напор, имаме најголеми плати во јавно обвинителската организација како обвинители, но, и покрај тоа, многу мала заинтересираност – рече Рускоска на отворањето на новата зграда на Управниот суд.

На денешната седница беа поставени неколку в.д. обвинители и избрани нови.

  1. ЈО Тодор Витларов е поставен како в.д јавен обвинител на ВЈО Штип;
  2. ЈО Душица Димитриеска е поставена како в.д јавен обвинител на ОЈО Гостивар;
  3. ЈО Неат Црој е избран за јавен обвинител на ОЈО Дебар;
  4. ЈО Теута Бедиу Рамадани е поставена како в.д јавен обвинител на ОЈО Куманово;
  5. ЈО Борче Јанев е избран за јавен обвинител на ОЈО Кочани;
  6. ЈО Манка Јаневска е избрана за јавен обвинител на ОЈО Кичево;
  7. ЈО Никола Довлев е избран за јавен обвинител на ОЈО Охрид;
  8. ЈО Биљана Стевчева е избрана за јавен обвинител на ОЈО Радовиш;
  9. ЈО Марјана Илиеска е избрана за јавен обвинител на ОЈО Прилеп.

На денешната седница Советот на јавни обвинители не избра шеф на Вишото јавно обвинителство и точката ја одложи за следна седница.