Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Д во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, заедно со селекциите на Словачка, Данска и Норвешка, одлучи денешната жрепка во Минхен.
Стартот на претквалификациите во трите групи е закажан за крајот на август, а завршните натпревари ќе се одиграат во февруари идната година.
Пласман во квалификациите за ЕП 2025 ќе обезбедат само првопласираните репрезентации во трите групи.
Македонската машка кошаркарска репрезентација последен пат учествуваше на континенталниот собир во 2015 година.
МИА