Поради протести центарот на Скопје затворен – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 8:54 AM

Поради протести центарот на Скопје затворен

Центарот за управување и контрола на сообраќајот известува дека поради организиран протест пред зградата на Собранието, затворени за сообраќај се двете насоки на улиците „11 Октомври“ и „Димитрије Чуповски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со булеварите „СВ. Климент Охридски“, како и улица „Даме груев“, но и  двете насоки на улицата „Васил Главинов“ и улицата Стив Наумов“.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег, велат од ЦУКС.