Европската Комисија пиши-бриши: За доаѓањето на Вон дер Лајен ја употреби придавката „северномакедонски“, а потоа го избриша, па напиша ново – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/22 9:00 PM

Европската Комисија пиши-бриши: За доаѓањето на Вон дер Лајен ја употреби придавката „северномакедонски“, а потоа го избриша, па напиша ново

Претседателката Вон дер Лајен утре во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски, објави денеска на својот твитер налог Европската Комисија, најавувајќи ја посетата на претседателката Урсула фон дер Лајен на Скопје, која утре треба да се обрати пред пратениците во Собранието, за по кусо време да ја коригира објавата и да напише дека претседателката е на средба со претседателот на Северна Македонија.
-Претседателката Вон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во северномакедонскиот Парламент на свечената седница во 13 часот, објави Европската комисија во првичниот твит, а на фотографијата беше наведено „претседателката Урсула фон дер Лајен во македонскиот Парламент“.

Кусо по објавувањето твитот беше избришан и објавен нов, во кој не е содражна придавката „северномакедонски“.
-Претседателката Вон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во Парламент на Северна Македонија на свечената седница во 13 часот, објави Европската комисија во коригираниот твит.

Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека како и секогаш реагирале веднаш штом забележа дека е употребена несоодветна придавка.

-Добивме уверување дека е направена ненамерна грешка, по што објавата беше веднаш избришана, велат од МНР.