Новак Ѓоковиќ од балконот на Стариот дворец ги воодушеви навивачите кои дојдоа да ја прослават 21. Грен слем титула со него.
Како изненадување за сите кои дојдоа да го поздрават, Новак во публиката фрлаше потпишани тениски топчиња.
Novak baca loptice! pic.twitter.com/a7wIbE0N7M
— Mariel (@malasirena111) July 11, 2022
Водителката Марија Килибарда во еден момент му предложи наместо во публиката пред него, топката да ја фрли на терасата од зградата од левата страна!
Новак Ѓоковиќ од третиот обид успеа да ја погоди терасата со потпишана топка, на општо воодушевување на сите присутни. Се радуваа луѓето кои ја примија топката со потпис на еден од најдобрите тенисери во светот, но и народот кој се собра пред стариот терен.