Завршение се земјените постапки во дното на браната на реката Отиња, а овој период продолжува да се работи на опточниот канал, анкерусвање и потоа бетонирање на цевководот и насипот на браната. Ова е динамиката на работите на штипската брана, која министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека се одвива со засилено темпо.
-Така ќе се работи се’ додека не’ држат временските услови и во наредниот период. Ги решава сите прашања кои излегуваат и очекуваме од крајот на 2023 година и почетокот на 2024-та да завршат, рече Бочварски.
На новинарско прашање за тоа дали ќе се одговори на енергетската криза со забрзување на работите на гасоводот, Бочварски одговори дека е комплетно изработен, но останува уште една делница поради изместување на цевката кај Неготино.
-Важно во наредниот период е завршување на кракот кон Гостивар, а веќе работиме на урбанистичките проекти за интраконекторот кон Грција. Ова е исклучително важно поради балансирањето на енергетската состојба во државата да имаме уште еден приклучок освен приклучокот од исток, од Бугарија, рече Бочварски.
Што се однесува до секундарната мрежа, како што истакна министерот за транспорт и врски, овој процес го води Министерството за економија. Течат постапките за изведувач на секундарната мрежа, за што има заинтересирани компании. Останува да се избере изведувач на секундарната мрежа.
Дали македонската влада ќе го следи примерот од Германија, која планира загревање на колективни центри, каде граѓаните кои не можат да си дозволат греење ќе може да поминуваат дел од денот, Бочварски рече дека ќе се носат уште политики. При тоа ги наброја актуелните мерки, кои засега се дел од пакетот за енергетска помош на најранливите категории и пензионерите.