(Видео) Инструкторот по возење ѝ понудил малку да се забавуваат: Девојката шокирана од пораките на оженетиот човек – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/22 9:00 PM

(Видео) Инструкторот по возење ѝ понудил малку да се забавуваат: Девојката шокирана од пораките на оженетиот човек

Учењето да се вози може да биде многу стресно, но може да биде уште полошо ако вашиот инструктор по возење не создаде пријатно опкружување за вас.

Една жена тврди дека била во непријатна ситуација откако инструкторот по возење почнал да ѝ праќа непристојни пораки, а покрај тоа бил и оженет – пренесува Мирор. Рејчел Мекинли тврди дека примила повеќе пораки, а некои од нив дури ги споделила во Тик Ток видео.

-Прочитајте што ми пишува инструкторот по возење-стои во описот на снимаката. Една порака покажува како 19-годишната девојка ја нарекува со „мачкица“, додека во друга ѝ зборува дека сака малку да се забавуваат.

Тој напоменува дека сето тоа можат да го направат „набрзина“ откако таа побарала дополнителен час возење. Другите пораки покажуваат дека од неа бара вечерно „дружење“, и ѝ сугерира да му купи нешто за роденден и дека му должи пијалок. Откако не одговорила на пораките, ја побарал повторно и прашал дали згрешил нешто.

Се чувствувам како идиот затоа што ти пишував пораки – напишал во другата порака и тврдел дека само се шегувал.

Рејчел тврди дека тој ја пратил последната порака откако сфатил дека го одбила. Таа додала дека не го предизвикувала, но и дека воопшто не одговарала на таквите пораки. Многумина биле згрозени од овие пораки и пренеле свои искуства.

„Искрено , ме фасцинира колку инструктори по возење всушност го прават ова…мојот беше ист“ –  е еден од бројните коментари под нејзиното видео.

@rachmckinley

Reply to @crnfitness i was not leading him on. more like trying to make the situations not awkward. i had very little time til my test and all the other instructors i messaged had no availability.

♬ Patterns – Nate Brazier

 

Извор: kurir.rs