Иако екипите се’ уште се покрај брегот,како што пишуваат грчките медиуми, ноќта ја запре потрагата по двајцата исчезнати момчиња, македонски државјани, на возраст од 28 и 30 години. 25-годишникот е спасен околу 19 часот од сурфер и се наоѓа во добра состојба. Тројцата влегле во водата. која била под силни бранови и биле однесени од струјата додека пливале.
„Наеднаш ни исчезнаа од видот“, сведочат луѓето кои биле на истата плажа.
Веднаш е алармирана Крајбежната стража, која до доцна во вечерта се обидувале да ги лоцираат двајцата лоцирање се обидувале да ги лоцираат со хеликоптери, три спасувачки бродови и разни пловни објекти кои пловеле покрај нив. Потрагата продолжи и во текот на ноќта со патролен чамец на крајбрежната стража и приватни чамци. Температурата станува најголем непријател на двете исчезнати лица, како што нагласија лицата кои учествуваат во потрагата.
Станува збор за опасна точка со морски струи каде младите нуркале, како што изјави за ThessToday.gr градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа.
Претседателката на здружението на пријатели на доброволци од здравствената единица, Касандра Темелис Иерисиотис, која беше на местото на настанот, рече дека ветровите во областа денеска биле силни. Поточно, во областа дуваше ветер од 6 до 7 бофори. Се проценува дека силните северозападни ветрови, во комбинација со морските струи во областа, исклучително им го отежнале враќањето на капачите на копното, на Посеиди.
-Станува збор за група странски туристи. За среќа еден бил пронајден жив. Брод на крајбрежната стража го пронајде и однесе на брегот, во Неа Скиони, и бил превезен од Брза помош, кажа Иерисиотис.
Тој е во добра здравствена состојба.
-Времето минува и тоа ја отежнува ситуацијата. Дури и ако останатите успеале да останат на површината на морето, кога ќе падне ноќта ќе биде потешко, бидејќи потрагата нема да може да продолжи. Во областа дува доста силен ветер“, објаснува координаторката Иерисиотис.
Како што веќе објавивме, тројцата македонски државјани имале роденденска забава познатата плажа „Мити“ во Посеиди на Халкидики.