По кратко боледување денес почина почитуваниот професор д-р Методи Чепреганов – соопштија од болницата каде тој работеше како специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.
-Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20 години. Вечна му слава – се наведува во објавата.
Доктор Методи Чепреганов е роден штипјанец, кој редовно го посетуваше својот роден град. Над 60 години практикуваше медицина, а остана активен и натаму. Неговите предавања и трибини, како „мешавина“ на медицина со популаристички пристап беа во континуитет масовно посетени.
Во стручното портфолио на д-р Методи Чепреганов се над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата. Тој членуваше во Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје и Невролошка асоцијација на Франција.
Тој беше и меѓу добитниците на наградата „Свети Никола“ која секоја година се доделува од страна на Општина Штип. Награден е и со орден Palmes Academiques од страна на првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.