Џејмс Каан, ѕвездата на филмот „Кум“, почина вчера на 82-годишна возраст.
Веста ја соопшти неговото семејство, а причината за смртта не е позната, иако светските медиуми информираат дека починал од канцер.
Актерот Џејмс Кан е роден на 26 март 1940 година во Њујорк во еврејско семејство од Германија. Неговата кариера започна во ТВ сериите како што се: “The Untouchables”, “The Alfred Hitchcock Hour”, “Kraft Suspense Theatre”, “Combat!”, “Ben Casey”, “Dr. Kildare””, The Wide Country”, “Alcoa Premiere”, “Route 66”, i “Naked City”.
Неговата прва филмска улога беше во филмот „Дама во кафез“ во 1964 година. Три години подоцна се појави со Џон Вејн во филмот „Ел Дорадо“.
Подоцна беше ангажиран од Копола за филмот „Кум“ во кој го играше мафијашот Сантино „Сони“ Корлеоне, а потоа беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога.
Во текот на својата блескава кариера водел и интересен приватен живот, а пред олтарот стоел четири пати.
Кога имал само 20 години, првпат се оженил со диџеј Матис, со којa бил во брак шест години и во текот на кои добиле едно дете.
Десет години подоцна и кажа „да“ на Шила Мари Рајан, но една година подоцна следуваше разводот. Од тој брак го има синот Скот.
Се ожени со Ингрид Хајек во 1990 година, го добија синот Александар, а се разделија во 1994 година.
Среќата во љубовта не ја најде ниту по четврти пат со Линда Стоукс. Со неа имаше два сина, но во 2009 година се разделија, како што изјавија, поради непомирливи разлики.
Извор: нова.рс